• Поли

    Поли

    Со повеќе од 20 годишно професионално искуство на различни лидерски позиции во McDonalds, Wrigley и Mars, но, исто така, и како претприемач и косопственик, во Јануари 2018 година го основав АПОД со цел да се фокусирам на нови искуства, и да го споделам своето знаење и стручност со други организации во регионот. Мојот фокус се Луѓето… Управување со Човечкиот капитал во организацијата и нејзината култура…

    Луѓето не се „средство“, тие се нашиот основен ресурс за успех и оттука мојата порака дека сите ние како лидери имаме обврска да креираме јасна визија за управување на организацијата, да создадеме извонредни услови за работа и да се однесуваме кон луѓето со високо ниво на достоинство и почит.

  • Марија

    Во нејзиното претходно 10-годишно работно искуство од областа на бизнис и претприемништво, Марија има можност одблизу да се запознае со начинот на водење на бизнисите на голем број македонски и странски компании.

    Инспирирана од предизвиците со кои се соочуваат мноштвото компании во областа на управување со човечки капитал, како и од желбата да работи на можни решенија за истите, од јули 2019 станува дел од тимот на ТРИВИТИ и ја следи мисијата за креирање на отворен, транспарентен и конкурентен пазар на труд.

    Лично верува дека луѓето го прават бизнисот, па оттука се залага за поддршка и развој на луѓето кои бараат работа, како и компаниите кои вработуваат.

    Марија
  • Дејан

    Неговото 18 годишно работно искуство доаѓа од работа во странски и локални компании од кои најдолго во Wrigley и Mars. Секогаш фокусиран на луѓето, силно верува дека само со вистинските луѓе на вистинско место се доаѓа до успешни бизнис резултати.

    Последниве 15 години поле на интерес му е пренесување на неговите знаења и искуства преку развојни програми на темите: бизнис планирање, развој на продажни тимови, коучинг, преговарање, лидерство, управување со таленти итн…

    Можноста да се приклучи на тимот на ТРИВИТИ за него отвара нови професионални и животни хоризонти и претставува предизвик стекнатите способности и компетенции понатаму да ги стави во функција на развојот на луѓето како најважна алка во бизнисот.

    Дејан
  • Симона

    Симона

    Со доаѓањето во тимот на ТРИВИТИ, Симона добива можност да го примени своето претходно стекнато искуство во административното работење на компанијата, организирање и координирање на работните процеси помеѓу тимовите и поддршка на секторот човечки ресурси.

    Примената на досегашното стекнато знаење, како и можноста да се надградува и специјализира во сегментот на човечките ресурси како координатор, е одлична шанса да ги спои искуството и новите сознанија, со цел да помогне во растот и развојот компанијата.

    Симона е дел од работната атмосфера на компанијата каде секојдневно се учи и се инвестира во развојот на вработените, што претставува предност, но и клучна вредност која ја споделува со корисниците, соработниците и колегите.