Менаџер на продажба

Основни работни задачи и одговорности

Основни одговорности:

  • Развива продажни стратегии, цели и планови со цел да ги оствари предвидените резултати
  • Планира, организира, раководи и врши контрола на тимовите за продажба
  • Развива и унапредува вештини и перформанси на тимот со кој раководи
  • Развива и применува систем за мониторинг на резултатите кој овозможува управување со продажните резултати наспроти планот и предлага мерки и активности за подобрување
  • Одржува и гради односи со клучни купувачи
  • Следи наплата
  • Развива нови канали на продажба и дистрибуција
  • Активно ја следи конкуренцијата на пазарот

Работни задачи:

  • Соработка со останатите сектори во организацијата
  • Следење на продажбата и подготовка на извештаи
  • Подготовка на извештаи за дистрибуцијата (квантитативни и квалитативни параметри)
  • Соработка со маркетинг секторот во изработка на планови за активности на пазарот (годишни, квартални, месечни)
  • Одржува редовни состаноци со тимот со кој раководи

Дознај повеќе: https://bit.ly/3uMT4JC