Пронајди ја својата следна работа со креирање на професионално CV

БЕСПЛАТНО и АНОНИМНО за луѓето кои бараат работа – Користењето на сите услуги на THRIVITY е целосно бесплатно и никој не може да го види вашето CV додека вие не го прифатите барањето за контакт.

1. Да направиш свое професионално CV е лесно

Едноставно и лесно THRIVITY те води, чекор по чекор, во правење твоја професионална биографија (CV).

Твоето CV можеш (и треба) да го ажурираш постојано согласно твојот професионален развој. Со само еден клик твојата професионална биографија (CV) можеш да ја пренесеш во PDF формат. Симни ја на твојот компјутер, и можеш неограничено да ја користиш согласно твоите потреби.

2. Како ќе изгледа твоето CV

Погледнете како ќе изгледа вашето професионално CV

3. Твоите податоци се заштитени

Твојот идентитет е сокриен сѐ до моментот додека ти не го прифатиш барањето за контакт испратено од страна на компанијата. Истовремено, ќе имаш целосен увид во компанискиот профил и огласот за вработување од кој е испратено барањето за контакт.

4. Добивај покани за работа

Биди отворен на пазарот на труд 24/7. Нема потреба да аплицираш на оглас. Платформата врз основ на твојата сегашна работна позиција или следна посакувана работна позиција, сама прави спојување и те препорачува на компании кои имаат отворен оглас за работа.

5. SMS нотификација на твојот телефон

Како ќе знаеш дека некоја компанија сака да стапи во контакт со тебе? Едноставно, кога компанијата ќе испрати барање за контакт ти ќе добиеш нотификација на SMS, со линк до твојот личен профил каде ќе можеш да ја видиш компанијата, огласот за вработување и да прифатиш или одбиеш барање за контакт.

6. Те насочува кон следна посакувана работна позиција

THRIVITY содржи уникатна алатка за избор на „следна посакувана работна позиција“. Со пополнување на ова поле ќе конкурираш на огласи за работа согласно твојата идна и/или посакувана работна позиција.

7. Барам работа или само имам профил

Не мораш активно да бараш работа. Имаш можност да одбереш дали активно бараш работа или не, и тој статус можеш да го менуваш во секое време.

Барате нова работа? THRIVITY го олеснува целиот процес.

Наспроти начинот на функционирање на традиционалните сајтови за вработување, на THRIVITY работодавачите ве канат вас да аплицирате. Поканетите кандидати имаат 3 пати поголеми шанси да ја добијат работата за која аплицирале.

Пријави се